ENG version
Тројка Дизајн е мала архитектонско - градежна компанија, лоцирана во Скопје, Македонија.
Доволно ,,мала,, - за да Ви го посвети целосното внимание кое Вие и Вашиот проект го заслужувате, без разлика дали се работи за нова соба, под, реновирање на веќе постоечкиот простор, преуредување или проширување на домот или Вашиот работен простор; или пак дизајнирање и изградба на сосема нов дом;
но доволно голема за да бидете сигурни дека работата на Вашиот проект ќе биде завршена навремено, креативно и професионално.
На клиентите им нудиме соодветни архитектонски и дизајнерски решенија; како и голем избор на градежни услуги; за да го претвориме нивниот дом или работното место во простор со своја специфична и зголемена вредност, убавина и функционалност. Ако сакате да го реализирате Вашиот сон, креативно и ефикасно - Компанијата Тројка Дизајн ќе Ви помогне во тоа!
вебсајт од Fractal Design
